5 ФИЛМОВИ КОИ ВЕДНАШ ЌЕ ВЕ ТРАНСПОРТИРААТ ДО ИТАЛИЈАНСКИОТ БРЕГ: Уживајте во безгрижноста, убавината и леснотијата на постоењето

popara15 јуни, 20221min00
The-Talented-Mr.-Ripley-film-0630198892

Летото пристигна, а сончевата сезона е секогаш добра идеја да се облечеме како да одиме на обиколка на италијанскиот брег (со брод!). Развиорени фустани, бермуди и сандали кои асоцираат на шарени патувања, па ако ви недостига инспирација за морска облека (или дестинација што ќе ја посетите ова лето), подолу ќе најдете 5 филмови кои веднаш ќе ве превезат до италијанскиот брег.

Roman Holiday (1953)

„Roman Holiday“ е типичен италијански летен филм. Главните улоги ги толкуваат Одри Хепберн како принцеза која сака да живее нормално еден ден и Грегори Пек како новинар кој станува нејзин водич. Филмот го следи ова дуо додека патуваат низ Рим и се заљубуваат. Иконската костимографка Едит Хед стои зад многу неверојатни изгледи на актерите – од прекрасни фустани до елегантни здолништа во А линија, овој филм е совршен ако сакате да постигнете шик летен стајлинг од 50-тите.

Stealing Beauty (1996)

„Stealing Beauty“ ја следи Луси Хармон (Лив Тајлер) додека се враќа во тоскански град каде што некогаш живеела нејзината мајка и ја освојувала машката популација. Младата актерка ги истражува љубовта и интимноста додека на сличен начин маѓепсува многу мажи. Цветните фустани и лелеавите тоалети го прават нејзиниот лик архетип на наивен, вљубен дојденец.

The Talented Mr. Ripley (1999)

”The Talented Mr. Ripley” е одличен филм за гледање доколку планирате ментално (или физичко) патување до италијанскиот брег. Гвинет Палтроу, Џуд Ло и Мет Дејмон се појавуваат во воздушест лен, светли дезени и совршен тен. Триото отелотворува безгрижен начин на живот на крајбрежјето – но само до крајот на филмот.

A Bigger Splash (2015)

Филмот „A Begger Splash“ на Лука Гваданињо е именуван по познатиот филм на Дејвид Хокни од 1967 година и е заснован на „La Piscine“ на Жак Дерај од 1970 година. Филмот е психолошка драма во која играат Тилда Свинтон, Дакота Џонсон, Ралф Фајнс и Матијас Шоенартс. Се одвива на малиот италијански остров Пантелерија и има многу неодоливи капи, плетени чанти и фанки дизајни кои го поттикнуваат совршениот италијански летен изглед.

Call Me By Your Name (2017)

„Call Me By Your Name“ сè уште е еден од најпопуларните филмови на 21 век. Со Тимоти Шаламет и Арми Хамер во главните улоги, филмот следи страсна летна романса сместена во ридовите во северна Италија. Облеката ја зрачи леснотијата на постоење во текот на летото на 80-тите: тука се тексас, пруги, шорцеви, надополнети со пастелната естетика на кадрите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma