Актерката повторно се најде во центарот на вниманието
Компанијата „Warner Bros“ наводно одлучила да изведе нов кастинг за улогата на Мера во продолжението на филмот „Aquaman“, која во првиот дел ја играше Амбер, пишува сајтот „Just Jared“.
Според нив, тие ќе снимаат повторно со Џејсон Момоа и Никол Кидман и дека новата актерка наводно ќе ја глуми Мера во „Aquaman 2“ и сите идни филмови на DC.
Гласините започнаа откако Амбер Херд ја загуби судската битка што ја водеше против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Во врска со оваа информација, портпаролот на актерката се огласи и ги демантираше овие наводи, пишува „NME“.
– Мелницата на гласини продолжува како од првиот ден – неточни, нечувствителни и малку луди – изјави портпаролот на „Варајети“.