„Дали Том Хенкс е болен?“: Познатиот актер не можеше да го контролира треперењето на раката, обожавателите загрижени

popara15 јуни, 20221min00
tom-henks-830x0

Раката на актерот почна неконтролирано да трепери за време на говорот на премиерата на филмот

Обожавателите на Том Хенкс (65) се загрижени за неговата здравствена состојба, бидејќи познатиот актер не можел да ја контролира својата треперлива рака.

Том одржа говор во Австралија на премиерата на биографскиот филм на Бејс Лурман за Елвис Присли, во кој Хенкс го игра менаџерот на пејачот, а сред говорот раката почна неконтролирано да му трепери.

„Нема подобро место на светот за снимање филм од овде на Златното крајбрежје“, рече Хенкс, држејќи го микрофонот во десната рака, а левата во џебот.

Раката почна да му се тресе, а треморот се обиде да го контролира ставајќи ја левата рака на дното на микрофонот, под десната.

Потоа Хенкс ја смени раката во која го држеше микрофонот, а можеше да се види дека се уште му се тресе.

Многумина не го забележале треперењето на обраќањето на Том бидејќи внимателно слушале што зборува, но кога беа објавени снимките сите беа загрижени за славниот актер.

„Што не е во ред со неговата рака?“, „Дали Том Хенкс е болен?“, „Загрижен сум за човекот“, коментираат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma