Пробајте уште вечерва: Ставете го ова под перница, желбата ќе ви се исполни побрзо отколку што мислите

popara15 јуни, 20221min00
25827_shutterstock-226733917_f

Постојат различни техники за манифестирање желби, што и да одберете, важно е да верувате дека вашата желба навистина може да се исполни.

Сега ви ја пренесуваме наједноставната техника која може да ви помогне да ја постигнете секоја намера, но и да вежбате фокусирање и да усвоите позитивни мисли. Без позитивни мисли, желбите тешко се исполнуваат – песимизмот секогаш ве блокира во сè.

Пред спиење, напишете на лист хартија што сакате да привлечете во вашиот живот. Тоа може да биде нова љубов, автомобил, стан, покачување, нова работа, патување, решение за некои грижи… Ставете го листот под перницата и додека не заспиете размислувајте позитивно за вашата желба, визуелизирајте ја, фантазирајте за тоа, оживејте ја во мислите.

Важно е додека не заспиете да останете фокусирани исклучиво на вашата желба. Не дозволувајте вашите мисли да талкаат, само мислете за исполнување на вашата желба. Ако се појават негативни мисли, земете неколку длабоки и мирни вдишувања и веднаш вратете се на позитивното размислување за намерите. Законот за привлекување функционира и преку позитивниот став.

Оваа техника не е никаква магија, туку исклучиво вежба за фокусирање. Колку почесто и повеќе се фокусирате на нешто, толку повеќе ќе работите на тоа. Вашата потсвест ќе ве доведе до оваа желба, ќе го програмирате вашиот ум постојано да размислува за тоа. Ќе бидете фокусирани на одредена цел, а кога нешто цврсто сакате и работите на тоа, без одлагање, успехот е загарантиран.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag