Бредли Купер призна дека се борел со пороци
Тој со години е еден од најуспешните холивудски актери, но не секогаш било така. Бредли Купер откри со што се соочувал на почетокот на кариерата и колку тоа можело да му го уништи животот.
Бредли гостуваше во подкастот „Smartless“, чиј водител се Џејсон Бејтмен, Вил Арнет и Шон Хејс, каде што откри кога и како сфатил дека има „проблеми со дрога и алкохол“.
Купер објасни дека тоа се случило во 2004 година, кога актерот Вил Арнет го прашал како мисли дека поминала ноќта и кога го опоменал дека долго време не ги прошетал кучињата.
– И тоа беше тоа, тогаш првпат сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Она што ми го кажа Вил, никогаш нема да го заборавам“.
Покрај тоа што ги сфатил своите зависности, Купер рече дека тоа го натерало да види дека не функционира тоа што сакал лажно да се претставува обидувајќи се да се вклопи.
– Бев толку изгубен и бев зависник од кокаин. Ја пресеков Ахиловата тетива веднаш откако дадов, односно добив отказ во серијата „Alias“ – изјави актерот и додаде дека се борел со недостаток на самодоверба.
– Имав среќа што тоа се случи кога имав 29 години. Мислев дека успеав кога ја добив рекламата за „Wendy’s“. Но, дефинитивно не го почувствував тоа. Преселувајќи се во Лос Анџелес поради серијата „Alias“, се чувствував како да сум повторно во средно училиште: не можев да одам во ниту еден клуб, ниту една девојка не сакаше да ме погледне. Бев тотално депресивен – рекол актерот.
– Но, Вил е и причината што го презеде тој ризик поради тешкиот разговор со мене, во јули 2004 година, кој ме стави на патот да одлучам да го променам мојот живот – искрен е Бредли.
Актерот има ќерка со манекенката Ирина Шајк, а вели дека тоа му донело ново значење:
– Секоја работа е апсолутно доведена во величенствени бои со фактот што станав татко на прекрасно човечко суштество.