Не претерувајте со ладењето: КЛИМАТА навистина може да биде штетна за вашето здравје

popara16 јуни, 20221min00
klima-zdravlje

Треба да го одржувате на вистински начин

Многумина ќе се согласат дека ништо не може да ја разлади просторијата, како што може клима уредот, кој голем број луѓе го имаат во својот дом.

Сепак, не е тајна дека вашиот најдобар летен сојузник не е особено добар за вашето здравје, ако се користи премногу и ако за него не се води доволно грижа.

Во климатизираните простории, воздухот обично не е доволно влажен, што негативно влијае на слузокожата на респираторниот тракт. Ова може да доведе до сушење на кожата и мукозните мембрани, што дополнително може да предизвика воспаление на горниот респираторен тракт. Ова воспаление обично се манифестира со кашлање, анксиозност, чешање и иритација на грлото.

Во својата посилна форма, ова воспаление може да доведе до интензивно кашлање, отежнато дишење и општа непријатност во органите за дишење, а кај астматичарите дури и до задушување.

Климата е исто така една од главните причини за легионерска болест. Оваа болест е предизвикана од бактеријата Легионела, која преживува и се развива на температура меѓу 30 и 37 степени. Со вдишување воздух, оваа бактерија стигнува до човечките бели дробови.

Кога некое лице ќе се зарази со легионела, се јавуваат симптоми како малаксаност, треска, болки во мускулите и кашлица. Малку поголем ризик од зараза имаат луѓето кои генерално се борат со респираторни проблеми, хронично болните, лицата со слаб имунитет, постарите лица и децата.

За среќа, оваа бактерија може успешно да се победи со антибиотици, иако третманот е обично долг. Доколку не се примени терапијата може да биде фатална; стапката на смртност од оваа болест е доста висока и е помеѓу 15 и 25 проценти.

Иако ова може да звучи застрашувачки, експертите сметаат дека нема место за паника и дека соодветното и редовно одржување на клима уредите е сосема доволна превенција. Потребно е еднаш годишно да се направи темелен сербвис на климата, а доколку се користи и за греење во текот на зимата, два пати.

Не заборавајте дека е неопходно температурата во просторијата да биде оптимална и да не биде премногу ниска. Големата разлика помеѓу температурата надвор и внатре и шокот на кој е изложен организмот при движење од еден простор во друг, може да предизвика термички шок и слабеење на имунитетот и способноста на телото да се брани од штетните вируси и бактерии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag