Лесната шминка е идеална за топлите денови
Летото е на прагот. Сите со нетрпение ги очекуваме топлите денови и жешкото сонце, но секое уживање со себе носи некакви последици. Поточно, денес ќе се задржиме на шминката и сите можни непријатности што таа ги носи со себе.
Комбинирањето на шминката и летото отсекогаш било многу тешко, но со текот на времето како што еволуираше козметичката индустрија, може да се каже дека издржливоста на шминката сега е многу подобра, но во никој случај не е идеална.
Мали трикови кои ќе ги решат овие проблеми
Најважно е да ги отстраните сите нечистотии и маснотии од лицето. Посебно е важно да се внимава на очните капаци, бидејќи тој дел има тенденција да ги задржува мастите.
Избегнувајте нанесување течна пудра на очните капаци и пределот околу очите, бидејќи сенката лесно ќе се „лизне“. Од витално значење е да користите само водоотпорни производи ако сакате вашата шминка да остане недопрена на топол ден.
Прајмерот за сенка е одличен избор, бидејќи бојата подобро ќе се прилепи на основата. Користете крем сенки наместо сенки во прав, но не заборавајте да избегнувате поголеми количини во текот на летото.
Наместо сенки, можете да пробате водоотпорен молив за очи. За да го фиксирате, нанесете еден слој сенка во истата нијанса преку линијата. Ова ќе му го продолжи животот и дополнително ќе ги нагласи очите.
Водоотпорна маскара за волумен е задолжителна! Кога е квалитетна, никакви временски услови нема да можат да ја „спуштат“ од трепките. Доколку сакате дополнително да се осигурате, експертите предлагаат да ги свиткате трепките со виткач по нанесувањето на маскарата.
Бронзер
Бронзерот ќе ви помогне да изгледате поприродно, но само доколку не претерате. Нанесете тенок слој на оние делови од лицето што најпрво ги „фаќа“ сонцето, односно на челото, јагодиците, брадата и носот.
Фиксирање на шминката
По завршувањето на шминката, користете фиксатор за да ја обезбедите издржливоста на истата. Тоа ќе биде дополнителна заштита која ќе го спречи излевањето дури и кога сонцето ќе почне да го топи асфалтот.