ОВАА НАМИРНИЦА ГИ УНИШТУВА БУБРЕЗИТЕ И ЦРНИОТ ДРОБ: 90 отсто од луѓето ја обожаваат, а не се ни свесни колку е штетна!

popara16 јуни, 20221min00
241941_shutterstock-256153477_ls

Ако се јаде често може да го оштети здравјето на овие органи

На многумина омиленото јадење за појадок им е сендвич, во кој покрај салатата мора да се стави и малку месо, а најчесто тоа е шунка.

Сепак, експертите советуваат дека треба да бидете внимателни со оваа намирница. Зошто?

Покрај тоа што шунката содржи добри хранливи материи, има и негативни, односно има еден несакан ефект – ја задржува водата во организмот.

За да има убав вкус при изработката на овој производ се додава многу сол, односно како што извести американското Министерство за земјоделство се работи за тоа дека 85 грама чадена шунка содржи дури 830 милиграми натриум.

Така, при честото консумирање шунка, тоа доведува до задржување на водата во телото, па затоа стапалата, рацете или зглобовите може да отечат.

šunka

Но, тоа не е се… Последицата е многу повеќе од оток. Затоа, кога имаме прекумерен внес на сол во телото, се јавува задржување на водата, што врши притисок врз крвните садови, што може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Може да дојде и до губење на калциум од коските, што долгорочно може да предизвика сериозни проблеми.

Исто така, голема количина сол може негативно да влијае на црниот дроб и бубрезите. Нутриционистите препорачуваат дека е неопходно умерено да се јаде шунка, но и дека треба да пиете повеќе вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag