НОВ ТРЕНД ЗА 2022 ГОДИНА Марамата е нов моден детал кој ќе се носи ова лето

popara17 јуни, 20221min00
528212_shutterstock-1415948318_f

Марамите се практичен детал кој може да се носи на различни начини и навистина се исплати да ги имате во вашиот плакар

Модата е флуидна и брзо се менува и понекогаш ни се чини дека не е можно да се следат сите модни трендови.

Марамите кои „до вчера“ се носеа само околу вратот, неодамна ја добија својата мултифункционалност.

Без разлика дали се направени од свила, памук или некој друг материјал, марамите се апсолутен хит оваа сезона, а во продолжение ви ги откриваме сите начини на кои можете да ги носите.

Марамата доколку е доволно долга може да функционира како топ кој се врзува и да добиете уникатна комбинација.

Покрај тоа, можете да ја врзете околу раката како нараквица или околу главата на различни начини.

Класичното врзување околу раката оваа сезона е особено стилски бидејќи е моден додаток кој функционира наместо накит, а на минималистичките комбинации им дава разиграна нота.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag