Холивудската актерка Шарлиз Терон е позната по своите трансформации на изгледот, како за снимање филмови, така и за нејзиниот приватен живот.
Досега ја гледавме како русокоса, бринета и црвенокоса, но и со кратка фризура која одлично и прилегаше.
Убавата оскаровка родена во Јужноафриканската Република не изненади со уште еден нов изглед на хуманитарен настан.
Шарлиз за прв пат покажа како изгледа нејзината темна коса во комбинација со нова фризура со подолги шишки исчешлани на страна.
Аутфитот за оваа пригода беше деловен шик.
Таа комбинираше бела кошула со фармерки со благо ѕвонест крој, а доза на елеганција и додадоа црните салонки и црната кожна чанта. Дискретниот сребрен накит го комплетираше ова фантастично издание на убавата актерка.