Процентот на разводи расте од година во година, а Дејвид Акива, советник и брачен едукатор, вели дека луѓето премалку се трудат
Наместо енергијата што ја користат за фрустрација да ја претворат во енергија за градење врска, тие се откажуваат еден од друг.
Имено, Акива ги откри трите најчести причини кои водат до развод, пренесува „Your Tango“.
- Љубовта се претвора во пријателство, па луѓето мислат дека е готово
Многу сопружници се жалат дека повеќе не се како љубовници, туку дека нивната врска се претворила во пријателство.
Акива вели дека ова всушност е добро, бидејќи заљубувањето не мора секогаш да биде страсно како на почетокот. Сосема е нормално оваа фаза да исчезне. Да постоеше само тоа, немаше да има други важни работи како поддршка и вистинско пријателство.
- Недостаток на интимност
Акива вели, ако сакате да го вратите секксот во бракот, тогаш прво треба да ја вратите љубовта. Формулата е прилично едноставна, бидејќи неодамнешното истражување покажа дека емоционалната интимност е клучот за сексуалното исполнување на жените. Истражувачите откриле дека постоењето на љубов го прави сексот физички попријатен за жените.
- Премногу кавги, премалку комуникација
Во секоја врска треба да научите да комуницирате и да се изразувате правилно. Другата страна не може да ви ги чита мислите, треба да кажете што мислите.
Со комуникацијата и разговорот се избегнува конфликт во кој луѓето само викаат и зборуваат неповрзано, а вистинската причина за кавгата не е ни позната.