Манекенката Хејли Бибер гостуваше кај Џими Фалон и во таа прилика се одлучи за миди фустан кој истовремено е елегантен и многу привлечен.
Хејли Бибер активно ја промовира својата линија за нега на кожата „Rhodes“, а за секое нејзино појавување комбинациите се внимателно одбрани.
„Голиот фустан“ со светки привлече најголемо внимание во јавноста, а покрај тоа што ја истакна нејзината манекенска фигура, сите го забележаа и изрезот во пределот на градите што откриваше доволно за да ја заскокотка фантазијата, а сепак сè да остане покриено.
Тренди изданието го комплетираше со пластични сандали, а сите забележаа дека не ја симнува насмевката од лицето.
Да се потсетиме, познатата манекенка е во брак со популарниот пејач Џастин Бибер. Иако чуствувал дека бракот е дел од неговата судбина, Џастин Бибер призна дека личните проблеми ја оптоварувале неговата врска и заедницата со Хејли во првата година од бракот.
– Првата година од бракот беше навистина тешка. Само недостигаше доверба – изјави пејачката за странските медиуми, и објасни:
-Ги имаше сите оние работи кои не сакате да и ги признаете на личноста со која сте, затоа што е застрашувачки. Не сакате да ги исплашите со реченицата „Се плашам“. –
Тие двајца денес функционираат подобро од кога било и се фокусирани на „создавање на нивните моменти како пар, семејство, во кое ги градат овие спомени“.