Астролозите мислат дека постојат личности, односно хороскопски знаци кои се предодредени да бидат најдобри можни кумови на свадбата.
Ова се три хороскопски знаци кои се страствени, сочувствителни и ги поседуваат вештините потребни за да бидат кумови на свадба без конкуренција.
1. Рак
Раковите се нежни луѓе, полни со љубов и меко срце кое е идеално да го имате со вас додека го планирате вашиот голем ден. На денот на вашата венчавка, вашата кума рак ќе лее солзи радосници поради вас и немојте да се чудите ако го земе микрофонот и одржи емотивен говор кој никого нема да остави рамнодушен. Таа ќе биде ваша поддршка во секое време, а иако можеби не е најдобра во организацијата, во моментите кога ви треба и околу тоа, ќе го даде својот максимум.
2. Вага
Вагите сакаат љубов и сè за љубовта. Исто така, вагите имаат тенденција да бидат фер и избалансирани бидејќи сакаат да го задржат мирот, а нивниот квалитет е тој што совршено ќе се вклопи во организацијата на венчавката. Тие ќе бидат таму за да ги измазнуваат сите драми и конфликти и ќе најдат решение за кое сите ќе се согласат.
3. Јарец
Нивната силна работна етика и сочувство ги прават идеален избор за свадбена кума. Тие ќе ве потсетат дали треба некому да обезбедите веганска или безглутенска храна. Тие ќе бидат ладна глава дури и во ситуации кога сите полудуваат. Ќе направи се што е потребно за да остане сè околу вашата свадба во најубав спомен.