Доколку се уште не сте задоволни со вашата фигура, експертот за исхрана Мајкл Мозли предлага две едноставни утрински вежби кои ќе ви помогнат да го обликувате вашето тело, пишува Mirror.
Д-р Мозли, креаторот на познатата диета 5:2, и кој беше прогласен за „медицински новинар на годината“ од Британското лекарско здружение, неодамна се појави на подкастот на радио 4 на Би-Би-Си, каде препорача две вежби за сила кои, доколку се практикуваат редовно , може да има значителни здравствени придобивки, но и да го забрза слабеењето.
Диета 5: 2 е пример за она што се нарекува повремен пост или временски ограничена диета. Во својата најосновна смисла, системот 5:2 значи дека можете да јадете што сакате пет дена во неделата. Во тие денови, се обидувате да продолжите да јадете во разумни количини. Потоа два дена во неделата значително го ограничувате внесот на калории. Често внесувањето се намалува на 500 калории дневно.
Две вежби, познати на сите, ни помагаат да ги постигнеме посакуваните цели, а тоа се склекови и чучњеви.
– Има едно фасцинантно истражување кое зборува за придобивките од вежбите за сила, за тоа како само неколку минути вежби со отпор, каде што не ви е потребна посебна опрема, можат да ги подобрат функциите на мозокот и мускулите – изјави Мозли.
– Склековите се дефинитивно најдобрата вежба за градење сила на горниот дел од телото и одржување на мускулниот тонус – додаде тој.
Друга вежба што треба да ја додадете во вашата дневна рутина е чучњевите, кои не само што помагаат во обликувањето на мускулите, туку е откриено дека се една од најдобрите вежби за подобрување на функцијата на мозокот.
– Препорачувам овие две вежби да се прават рано наутро, бидејќи на тој начин ја подигнувате енергијата на телото, ја подобрувате работата на срцето и ја забрзувате работата на мозокот – заклучи Мозли.