Актерот Енди Гарсија е еден од ретките во Холивуд кој може да се пофали со долг и среќен брак со една жена. Овој заводник веќе 39 години е вљубен во филмската продуцентка Мариви, со која има четири деца.
Во новото интервју за People, актерот Енди Гарсија го опиша моментот кога се заљубил во својата сегашна сопруга Марива Гарсија, со која е во брак 39 години.
Енди и Мариви се запознале пред 47 години, а бринетата прва го соборила.
„Тоа беше како гром. Бевме многу млади, но таа ме собори од нозе. Некои луѓе се запознаваат и прво се добри пријатели, а потоа развиваат некои чувства, но меѓу нас се беше кристално јасно. Веднаш знаев дека таа е жената на мојот живот“, се присети тој, а потоа откри дека ја запросил Марива.
„Ја запросив таа вечер кога се запознавме. Таа ме одби и рече сигурно така ги напаѓам сите девојки, а тоа не е вистина. Едноставно не сакав да бега од мене“, објасни низ смеа.
Пред да запловат во брачните води, парот се забавуваше седум години. Двојката се венча во септември 1982 година. Тие подоцна го добија синот Доминик, потоа ќерката Даниела, потоа Алесандро и на крајот синот Андрес.
Тие се еден од похармоничните парови во Холивуд, каде долгите и среќни бракови се реткост.