23 години хармоничен брак: Викторија и Дејвид Бекам ги открија тајните на нивната љубов

popara19 јуни, 20221min00
dejvid-i-viktorija-bekam-830x0

Една од најпопуларните брачни парови на јавната сцена секако се Викторија и Дејвид Бекам. Нивната љубовна врска отсекогаш наидувала на ентузијазам кај луѓето, бидејќи и покрај разните турбуленции, тие сепак останале заедно.

Дејвид и Викторија на 4 јули оваа година слават 23 години брак, што ги прави еден од најдолговечните славни парови.

Брачниот пар во неколку наврати истакнувал дека нивната љубов е на прв поглед. Штом го видела, рекла Викторија, сакала да го помине целиот живот со него.

Викторија вели дека е благодарна што се запознале уште кога биле млади, бидејќи на тој начин имале прилика да растат заедно и да поминуваат низ разни ситуации.

Викторија и Дејвид многупати зборувале за тајните на нивниот брак, а ние ви издвоивме четири кои сите треба да ги примениме.

1. Препознавање на грешки

Во едно неодамнешно интервју, Дејвид нагласи дека направил грешки и дека е многу важно да си ги признаете себеси и на партнерот. Така направи и се трудеше да не го повтори истото за да не го доведе бракот во криза. Тој исто така тврди дека и неговата сопруга го практикува истото.

2. Оживување на романса

Кариерата им е напорна и поради неа многу патуваат, па се случува понекогаш да не се видат со недели. Меѓутоа, кога повторно ќе се соберат, се трудат прво да им обезбедат време на децата, а потоа да одвојат малку време за себе, односно за романтична вечера или добар филм.

3. Ги делат обврските

На самитот на Форбс, Викторија го пофали својот сопруг што и помогнал да ја балансира кариерата, домашните работи и грижата за децата.

4. Се забавуваат заедно

Една од тајните на долгиот, успешен брак, како што откри поранешната пејачка и модна дизајнерка, е забавата. Викторија вели дека таа и Дејвид се трудат секогаш да најдат време еден за друг. Често заедно возат велосипеди и одат на часови по танцување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag