
Домаќинките кои имаат паркет во својот дом знаат дека неговото одржување може да биде вистинска мака.
Освен што може да биде многу напорно и тешко да се одржи сјајот на паркетот и неговата чистота, потребно е да се издвојат и многу пари за да се купат хемикалии кои понекогаш знаат да бидат чудесно скапи.
Ако ве измачува истото, вие сте на вистинското место. Погледнете како можете да направите производ за одржување на паркет во вашиот дом кој ќе биде подеднакво ефикасен, а ќе заштеди и значителна сума пари.
Состојки и подготовка на домашен лак за паркети:
Измешајте 1 чаша оцет со 10 капки етерично масло по избор (лаванда, лимон, портокал, роза…) и исчистете го паркетот. Собата ќе мириса на свежо и чисто, а оваа комбинација ќе ја дезинфицира површината.
Доколку сакате да го вратите сјајот на паркетот, тогаш измешајте половина шолја сок од лимон, лажица маслиново масло и до 3 литри топла вода.
Ако имате темен паркет во вашиот дом, тогаш најдобро решение е да измешате четвртина шолја разладен црн чај во вода со лажичка оцет и една полна лажица детергент за садови.
На овој начин ќе ја зачувате темната боја и ќе спречите нејзино избледување.