ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПОВТОРНО ГИ ЗАПАЛИ МРЕЖИТЕ: Заводливо летно издание од БЕЛА ТАНТЕЛА, а на НОЗЕТЕ го носеше ОВА!

popara19 јуни, 20221min00
3067767_profimedia0700705296_ls

Џенифер Лопез деновиве имаше многу обврски во Лос Анџелес поради снимањето на нов проект. Со неа на сетот беа нејзиниот партнер Бен Афлек и синот Макс. Идила влада во нејзиното семејство, исто како и на полето на нејзиниот стил.

Познатата Џеј Ло, за која се шпекулира дека неодамна се омажила за актерот и режисер Бен Афлек, на снимање се појави во светло бел летен фустан, идеален за овој дел од годината.

Фустанот беше вистинско модно уживање, додека нејзините чевли го привлекоа вниманието на љубителите на модата. Поточно, широко популарните еспадрили. Знаеме дека огромен број жени ги обожуваат, со години.

Dženifer Lopez

Тие се одлична замена за класичните влечки, кои исто така се уште се актуелни. Но, ако не ви е пријатно да чекорите во нив, тогаш посегнете по решението кое го примени Џенифер Лопез.

Dženifer Lopez

Џенифер Лопез, која зад себе има три брака, минатата година ја обнови врската со Афлек. Славната двојка се забавуваше пред 20-ина години и беше дури на чекор од брак. Според некои извори, тие оваа година не ја пропуштиле шансата за брак.