
Совршеното модно издание на Ева Лонгорија на промоцијата на новата серија!
Ева Лонгорија е вистинска „џебна Венера“ со оглед на тоа што е висока само 157 сантиметри. Актерката е синоним за сексапил, женственост и убавина, а многу ниски дами обожаваат да ги копираат нејзините стајлинзи бидејќи секогаш знае да ги истакне своите атрибути.
По породувањето во 2018 година, таа сериозно се посвети на својот изглед. Напорно вежбаше и ја корегираше исхраната, а резултатот не изостана – познатата актерка изгледа како вистинска бомба. Факт е дека Ева знае да ги вклопи модните парчиња, па употреби мал трик на промоцијата на новата серија „Gordita Chronicles“.

Ева избра комплет од кожа со боја на јоргован, составен од тесно молив здолниште со длабок струк, добро скроено сако и интересен горен дел кој привлече посебно внимание. Овој модел на здолниште не им ласка на ниските дами, но во оваа комбинација на Ева и стоеше одлично.
Ева Лонгорија за време на бременоста се здебелила дваесет килограми. Сепак, таа не брзаше веднаш да ослабе и покрај притисоците што ги трпеше како јавна личност.