Кренаа прашина со бакнежот ВО УСТА на Оскарите: Еве каде е денес и што прави братот на Анџелина Џоли

popara20 јуни, 20221min00
282713_andjelina-dzoli-i-dzejms-hejven_ls

Џејмс Хејвен е брат на Анџелина Џоли, а на јавноста и стана познат по познатиот бакнеж со неговата сестра.

Џејмс Хејвен и Анџелина Џоли привлекоа неверојатно внимание откако таа го бакна во уста на доделувањето на Оскарите.

Многумина се уште се сеќаваат на таа сцена, а и понатаму предизвикува бројни коментари, па сите се прашуваат каде е денес Џејмс по таа 2000та година, кога цел свет го запамети.

Хејвен е две години постар од Анџелина и денес води сосема мирен и затскриен живот, далеку од очите на јавноста. Врската помеѓу братот и сестрата за многумина беше чудна, а одреден период постојано беше присутен на фотографиите на познатата актерка.

– Не ја бакнав Енџи „француски“. Тоа беше нешто едноставно и прекрасно. Таа се подготвуваше да оди во Мексико за да го заврши снимањето на „Првиот грев“ со Антонио Бандерас. И честитав на Оскарите и брзо ја бакнав во усни. Тоа пукна и стана голема работа – изјави Хејвен за Дејли Меил во 2007 година.

Деновиве Џејмс Хејвен беше виден во Малибу и папараците го препознаа и покрај капата и темните очила на главата. Тој е во врска со Ешли Рејн веќе 12 години и се тврди дека додека Анџелина и Бред Пит биле во брак, тој се грижел за нивните деца.

282707_profimedia0699500061_ff
282705_profimedia0699499856_ff
282709_profimedia0699499903_ff

Некои медиуми дури тврдеа дека славниот пар се развел поради Хејвен бидејќи Пит повеќе не сакал да го трпи неговото секојдневно присуство во нивните животи. Братот и сестрата сепак неочекувано се оддалечија, а Џејмс се занимава со продукција и режија.