
Кога станува збор за сексуалниот живот на паровите, науката се потрудила и дошла до точни податоци.Така, на пример, просечниот возрасен човек има сексуални односи околу 54 пати годишно, што би значело околу еднаш неделно. Ова се податоци од студија спроведена во 2017 година во списанието „Sexual Behavior“.
Друга студија ги поврзува честите односи со чувството на среќа. Резултатите од таа студија наведуваат дека паровите кои имаат интимни односи барем еднаш неделно се многу посреќни од паровите кои го прават тоа поретко. Истото истражувањето покажало дека имањето повеќе секс од еднаш неделно не влијае на подоброто расположение, затоа не сметајте на сексот за да ве направи многу посреќни оваа недела.
„Паровите често грешат и сакаат да постигнат одреден број односи во текот на неделата или месецот за да се чувствуваат добро кога е во прашање нивниот сексуален живот“, вели Рафи Билек, сексуален терапевт, додавајќи дека она што ви е пријатно на вас и партнерот е нормално.
Не мора често да водите љубов ако не сакате
Кога ќе го префрлите фокусот од бројките, ќе сфатите дека има многу фактори кои влијаат на тоа колку често водите љубов, а тоа може да бидат годините, начинот на живот, здравјето и секако квалитетот на врската.
„Речиси во сите долги врски се јавува одредена заситеност по две-три години. Во човечката природа е едноставно нешто да ни здодее и не треба да се срамите од тоа, ниту пак значи дека нешто не е во ред со вас“, истакнува д-р Брајан Џори, професор на Универзитетот во Бери, пренесува „krstarica.com“.
Вашата желба зависи и од тоа колку години имате
Третата студија откри што се случува со сексуалните односи во зависност од возраста.
Луѓето помлади од 30 години водат љубов приближно 112 пати годишно, но тој број се намалува на 86 пати кога лицето е на возраст од 30 до 39 години. Бројката од 69 пати се однесува на оние на возраст од 40-49 години, а приближно 52 пати годишно се однесува на парови над 50 години.
За жал, може да се најдете во ситуација кога партнерот и вие немате исти желби, но не сте сами во тоа. Разговарајте, доколку е потребно, најдете професионалец за разговор. Во никој случај не е пожелно да се споредувате со статистиката.
На крајот, експертите се согласуваат дека квалитетниот однос води до подобар сексуален живот, а не обратно.