Штом почнат жештините, како што е случај во последните неколку дена, телото бара начини да се олади, а понекогаш е најдобро со помош на диета.
Постојат некои намирници кои имаат потполно освежувачко дејство на организмот, а најмногу вклучуваат овошје.
Во спротивно, телото повеќе се поти, а како негативен ефект на природниот одбранбен механизам може да дојде до дехидрација на организмот.
Во лето пожелно е да не се јаде тешка и мрсна храна која потешко се вари, но и да се консумираат помали количини шеќер, кафе, а особено алкохол.
Изберете храна која го лади телото, а некои од нив се јаболко, банана, грејпфрут, киви, лимон, портокал, круша, јагода и лубеница. Од зеленчук, таквата храна вклучува целер, краставица, модар патлиџан, зелен лиснат зеленчук, свежи домати.
Од житарки јадете јачмен, хељда, просо, тофу, како и интегрална пченица.
Пред спиење се препорачува да изедете едно јаболко бидејќи освен што е лесно сварливо, полно е со витамини и го зајакнува организмот при големи горештини. Јаболката се лесно достапни и се меѓу поевтините овошја кои ќе ви помогнат да го разладите телото, но и да избегнувате да консумирате тешка храна пред да заспиете, а во исто време да се чувствувате сити.