Канадската актерка со српски корени Стана Катиќ, ѕвездата на серијата „Сastle“, како што пренесува Дејли Мејл, на крајот на 2021 година добила дете, но веста успеала да ја сокрие од јавноста.
Се се дозна кога Стана на својот Инстаграм профил објави фотографија на која на својот сопруг Крис Бркљача му го честита Денот на татковците кој во Канада се слави на 19 јуни.
– Среќен ден на татковците на сите татковци, но на мојата љубов и посакувам најсреќен. Најдобрата одлука што некогаш сум ја донела е да бидам со тебе. Те сакаме и среќни сме што можеме да го споделиме овој живот со тебе – напиша актерката.
-Тие добија дете оваа зима и оттогаш уживаат во своето мало семејство – изјави за медиумите ПР тимот на актерката и со тоа потврди дека се породила.
Да потсетиме, Стана и Крис се венчаа во 2015 година, а свечената венчавка се одржа на јадранскиот брег. Стана неколку пати ја посети Србија, а последен пат во јавноста беше видена на концертот на Белградската филхармонија.