ШАКИРА ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ ПО СКАНДАЛОТ: Фотографиите ја покажаа вистината за нејзината состојба! (ФОТО)
Се шпекулираше дека е во депресија и не сака никого да види
По скандалот кој одекна низ светот, Шакира за прв пат се појави во јавноста.
По разделбата и јавната измама што и ја приреди долгогодишниот партнер Жерар Пике, Шакира не се огласи. За јавноста беше достапно само нивното заедничко соопштение во кое објавија дека се разделуваат.
Од друга страна, се пишуваше дека Шакира е во депресија и дека е подготвена на се за да му земе се што има на прељубникот, како и старателството над нивните два сина.
Папараците вчера ја „уловиле“ пејачката додека се шетала со синовите. Шетале опуштено, но насмевката на која бевме навикнати не се покажала на лицето на Шакира.
На социјалните мрежи набрзо се појавија коментари, „Јасно се гледа тагата на нејзиното лице“, „Ваква жена изневери, уште не ми се верува“, „Нормално е да не е пресреќна, па преживеа брутално предавство“.