
Холивудската актерка Амбер Херд наводно е во преговори да напише книга за зголемување на приходите, откако изгубила милиони долари во тужба за клевета против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Имено, актерката наводно е подготвена за „одмаздничка“ книга, откако изгубила на суд.
– Амбер својата кариера во Холивуд ја смета за завршена. Таа веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Таа во овој момент нема што да загуби и сака се да каже – рекол изворот од актерката.
Дрор Бикел, адвокат за развод и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика.
„Колку Херд сака да разговара за овој случај и за неговата врска со Деп во книга која зборува за сè, таа мора да биде исклучително внимателна кога зборува за него“, рече Бикел, истакнувајќи дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што Херд ќе зборува.
– Доколку ја помине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе ја погоди уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд – додаде адвокатот.
Адвокатите на Амбер Херд не ги негираа гласините, но не сакаа да ги коментираат овие наоди.
Иако сега се шпекулира дека таа ќе ја каже целата вистина во книгата, Амбер неодамна во интервју за NBC „Dateline“ изјави дека е „исплашена“ Деп повторно да не ја тужи.