
Кардиологот д-р Тасиќ објаснува што може да се случи кога на лето ќе влезете во ладна вода неподготвени и каква друга голема грешка правиме!
Секое лето сме сведоци на случаи кога луѓето веднаш по влегувањето во вода се дават затоа што им се слошува или тоа се случува веднаш штом ќе излезат од водата. Најчести причини за тоа, како што вели кардиологот д-р Небојша Тасиќ, се проблемите поврзани со кардиоваскуларниот систем, срцето и крвните садови.
„Ситуацијата воопшто не е безопасна или наивна, но се повторува од година во година, лето е, водата е многу примамлива, луѓето сакаат да се капат, тоа е нормално, но ретко кој го почитува она што е најважно, и тоа е постепено влегување во водата, подготовка, малку телото да се навикне на температурата на водата“, вели кардиолог.
Тој истакнува дека ситуациите кога луѓето умираат или се дават, добиваат срцев или мозочен удар во ладна вода се екстремни, но често се појавуваат предупредувачки знаци.
„Не е невообичаено луѓето да се жалат на лекар дека кога влегле во ладна вода доживеале нагло треперење, треска, после тоа имале аритмија, дека им се вртело. Тоа е еден вид на предупредување. Она што е проблемот е што наглото влегување во ладна вода може да доведе од една страна, како што знаат луѓето, до спазам на крвните садови, ова е првата реакција на телото во ладна вода“.
Д-р Тасиќ истакнува дека е многу опасно да се влезе во ладна вода кога надвор е жешко, особено ако претходно сте се сончале бидејќи доаѓа до проширување на крвните садови.
Ненадејното влегување во вода не е единствениот потег што ги доведува луѓето во опасност, вели кардиологот.
„Луѓето влегуваат во водата неподготвени, не само во смисла дека претходно треба малку да се навлажнат, туку влегуваат и по обилен оброк, залиен со алкохол, пиво…“.
Совет на кардиологот е да избегнувате алкохол и тешки обилни оброци во топлите летни денови.
„Водата, чаевите се најздравите пијалоци, водата е можеби најдобриот избор во оваа ситуација. Ако навистина сакате да пиете алкохол, оставете го за навечер, кога температурата малку ќе падне и после тоа нема да скокнете во вода. Летото е направено за салати, полесна храна, риба, да не ви го оптоварува стомакот бидејќи жештината сама по себе е опасна“, вели тој и додава дека ги советува сите, особено хроничните пациенти, да одат на лекарски преглед пред да одат на одмор.