Дали сте слушнале за ЉУБОВНО БОМБАРДИРАЊЕ: Ако вашиот партнер го прави ова, треба веднаш да РАСКИНЕТЕ

popara24 јуни, 20221min00
Screenshot_5

Ако вие го правите тоа, не сте добар избор за врска.

 

Кога нова врска се развива и напредува брзо, може да изгледа симпатично и убаво. Сепак, тоа може да укаже и на постоење на навистина сериозен проблем.

 

Прекумерното внимание и приврзаност на самиот почеток на врската, инаку наречено „љубовно бомбардирање“, може да укаже дека сте во врска со погрешна личност, иако тоа ви се допаѓа.

 

– Љубовното бомбардирање е форма на емоционална манипулација која се користи за стекнување моќ над личноста, опсипувајќи ја со нешто што на прв поглед изгледа како голема количина на наклонетост и внимание – смета д-р Спирит.

 

Овој феномен, значи, најлесно ќе се препознае доколку личноста на почетокот на врската ве опсипува со вистински „љубовни бомби“, ве направи принцеза, целото внимание го насочува кон вас, ве опсипува со комплименти, постојано ви пишува, купува подароци и слично. Основната цел на ова однесување е да ве направи зависник од него, а кога ќе го покаже своето вистинско лице, веќе е доцна, веќе сте „фатени“.

 

Експертите истакнуваат дека ваквото однесување е проблематично бидејќи нарушува нечии, во случајов вашите, лични граници. Според психоаналитичарката Бабита Спинели, целта на љубовното бомбардирање е да го направи нарцисот зависен од вас и да предизвика кај вас чувство дека сте должни да возвратите на ист начин. Љубовното бомбардирање е една од главните карактеристики на нарцисите.

 

Важно е, сепак, да не се меша љубовното бомбардирање со таканаречената фаза на меден месец, која се однесува на напредок, среќа и возбуда на почетокот на врската.