ЈОГУРТ ТОРТА ГОТОВА ЗА САМО ПЕТ МИНУТИ Освежителен десерт кој не се пече

popara25 јуни, 20221min00
Screenshot_3

Лесните летни задоволства се нешто што сите го сакаме, а ви предлагаме да направите јогурт торта со малини што не се пече

 

 

За подготовка на овој десерт ви требаат само околу 5 минути, па затоа ќе биде одличен избор за гости.

 

 

Состојки:

 

  • 2 супени лажици + 2 лажички желатин
  • 125 мл топла вода
  • 200 мл слатка павлака
  • 600 мл грчки јогурт
  • 2 лажици екстракт од лимон
  • 250 гр малини + малку на страна за одозгора

 

Подготовка:

 

Измешајте ја водата со желатинот и оставете ја таа смеса на страна, изматете ја слатката павлака и додадете ги јогуртот и екстрактот од лимон, па соединете.

 

Додадете го желатинот што малку сте го стопиле на пареа и сте го изладиле и измешајте, па додадете ги малините.

 

Сето ова соединете го.Обложете калап од 20 см со хартија за печење. Прелијте ја смесата па додајте малини.Својот освежителен десерт ставете го во фрижидер и оставете да се излади два часа.