Блиските фотографии со колешката за малку ќе го чинеле брак, но убавицата на која ѝ се восхитува целиот свет му простила сѐ!

popara25 јуни, 20221min00
Screenshot_4

Џастин Тимберлејк и Џесика Биел ја пребродија големата брачна криза, а на новите фотографии од Париз изгледаат посреќни од кога било.

 

Пејачот Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Биел се во брак од 2012 година и важеа за еден од најхармоничните славни парови, сè до моментот кој за малку ќе им го уништеше бракот.

 

Имено, пред две години светот го обиколија фотографиите на Џастин и актерката Алиша Вејнрајт на кои изгледаат многу интимно, а се направени за време на ноќно излегување во Њу Орлеанс каде што заедно снимија филм во кој глумеа љубовници.

 

На спорните фотографии Џастин ја допрел Алиша за коленото и ја држел за рака, а сведоците велат дека тој не носел бурма и дека дуото изгледало прилично блиску. Две недели подоцна, пејачот преку социјалните мрежи ѝ испрати јавно извинување на сопругата и истакна дека нема ништо меѓу него и неговата колешка.

 

Џесика никогаш јавно не ја коментирала ситуацијата, исто како Алиша, која се посветила на кариерата, но се чини дека на Џастин сѐ му е простено.

 

Двојката овие денови ги поминува во Париз каде ја посетија ревијата на модната куќа Loius Vuitton, а беа снимени и на романтична прошетка низ градот на која се држеа за рака.

 

Дека се посреќни од кога било, често истакнуваат со заеднички фотографии на социјалните мрежи, а Џесика неодамна сподели и една ретка фотографија на која позираат со синовите, седумгодишниот Сајлас Рандал и едногодишниот Финес.

 

Објавата погледнете ја ТУКА

 

Покрај фотографијата на која се гушкаат со своите момчиња, Џесика му го честитала Денот на таткото на Џастин и во емотивната објава му порачала дека го сака.

 

Интересно е да се спомене дека двојката шест месеци успеваше да го прикрие од јавноста раѓањето на вториот син, а веста ја откри Џастин за време на гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис.