ПОДГОТВЕТЕ ЛАЗАЊИ СО ЗЕЛЕНЧУК И СИРЕЊЕ Вкусен оброк кој лесно се подготвува (РЕЦЕПТ)
25 јуни, 20220
Доколку сте љубители на италијанската кујна, ви препорачуваме лазања со зеленчук
Состојки:
- 300 гр тесто за лазања
- кромид
- три чешниња лук
- три тиквички
- модар патлиџан
- два домати
- 200 гр моцарела
- 400 гр младо ситно сирење
- 50 гр пармезан
- босилек, магдонос
- сол, бибер
На маслиново масло се динстаат исечканиот кромид и лукот, се додаваат модар патлиџан, тиквички и домат исечкан на коцки.
Зачинете и динстајте неколку минути.На дното на огноотпорниот сад за печење ставете малку сос, а долниот дел покријте го со листови тесто.
Додадете го динстаниот зеленчук, потоа моцарелата и младото сирење кое претходно сте го зачиниле со сол и бибер.Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки.
На крај посипете со остатокот од кашкавалот.Печете околу половина час.Послужете топло.