
Обрнете внимание на деталите во неговото однесување.
Дали се сомневате дека партнерот ве изневерува и крие работи од вас што не треба?
Ако не сте сигурни дали сте во право, постојат знаци кои јасно покажуваат дека вашиот партнер има љубовница.
- Набљудувајте го добро
Справувањето со неверен партнер често не помага многу. Не трошете енергија на маратонски дискусии. Подобро е спалната соба да се претвори во тивко пристаниште.
За да го фатите прељубникот на дело, тој мора да верува дека бурата стивнала и дека повеќе не се сомневате во него. Ако глуми верен партнер, глумете наивна личност и се правете се дека му верувате и дека сѐ е во ред. Сепак, во следните неколку недели внимателно гледајте како се однесува со вас.
- Се крие додека телефонира
Отсекогаш одговарал на телефонски повици пред вас, а сега на незгоден начин ви дава до знаење дека му е потребна приватност. Штом ќе се појавите, тој оди да разговара во друга соба. Во последно време без телефон не оди никаде, дури ни во тоалет.
Можно е во телефонот да има докази дека ве изневерува. За да ги отфрлите или потврдите вашите сомнежи, иако тоа не е етички, ѕирнете во неговиот телефон.
- Пречесто излегува од дома
Одеднаш го обзема работата, па се враќа дома доцна во ноќта. Одвреме-навреме се искрадува од дома со смешни и наивни изговори и се повеќе време поминува надвор, наводно во старото друштво. Сето ова не е причина за тревога.
Но, ако никогаш не ве покани во своето друштво, а кога ќе му предложите да одите и вие, од ракав вади подготвен одговор зошто сè уште сака да оди сам, имате оправдана причина да се сомневате.
- Намерно предизвикува кавги
Многу прељубници намерно предизвикуваат расправија само за да можат демонстративно да ја треснат вратата и да ја напуштат куќата. Ако вашиот партнер го користи овој рецепт во последно време, обидете се да го следите незабележано за да дознаете каде оди по сѐ почестите кавги со вас.
- Доцна се враќа дома и избегнува секс
Иако не се случило ништо несекојдневно, тој во последно време се враќа дома доцна. Наместо да се лутите, „бомбардирајте“ го партнерот со нежност. Мажите обожаваат спонтан секс, но доколку партнерот луто ве одбие, можно е да бил некаде пред да дојде дома.