Заменете ги ПАРФЕМИТЕ со ова: Прекрасно мирисаат, а кожата БЛЕСКА

popara26 јуни, 20221min00
27396_pexels-elina-fairytale-3865676_f

Кога доаѓаат летните денови, наместо тешки парфеми, се префрламе на посветли ноти и освежителни мириси. Со оглед на тоа што на кожата и треба многу нега кога температурите се високи, не се препорачува „затворање“ на кожата, т.е. не дозволувајќи ѝ да дише.

Тие имаат немрсна текстура, брзо се апсорбираат од кожата и што е најважно, содржат хранливи материи кои се одлични за нега на кожата. Исто така, можете буквално да користите миризливи суви масла „од глава до пети“, бидејќи освен што служат за нега на тело, можат да се користат и за нега на коса.

Како се користат?

Мирисното суво масло најдобро се нанесува веднаш по туширањето, односно додека кожата е се уште влажна. На овој начин маслото најдобро ќе успее да навлезе во порите, а кожата ќе стане мека и свиленкаста на допир. Не треба да потенцираме дека ќе мирисате прекрасно.

Мирисот на сувите масла е многу посуптилен од мирисот на парфемот, па тие се навистина одличен избор за топлите летни денови, а при купувањето можете да се одлучите и за оние со светки кои особено ќе го нагласат вашиот исончан тен.