Познатите бесни заради новиот закон за забрана на абортус во Америка: „Не ми се верува дека ова се случува“

popara26 јуни, 20221min00
misel-obama-tejlor-svift-bili-ajlis-830x0

Глобално популарните ѕвезди не останаа имуни на новиот закон во Америка со кој се укинува правото на жените на абортус освен во одредени услови, па многумина јавно го изразија своето незадоволство.

Били Ајлиш во петокот за време на нејзиниот настап им даде поддршка на сите жени на кои им се заканува новата судска одлука.

Пејачката ја искористи приликата да ја искоментира новонастанатата ситуација и да покаже колку е лута на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави на нејзиниот настап на фестивалот Глазомбер во Англија.

„Денес е тажен ден за Америка, не можам да верувам дека ова се случува“, рече Били.

„Колку повеќе размислувам за тоа, толку полошо се чувствувам“, рече таа.

Тејлор Свифт се огласи на Твитер, каде го сподели мислењето на Мишел Обама, коментирајќи:

– Апсолутно сум ужасната! После толку децении работа и борба за правата на жените и нивните тела, денес сето тоа ни е одземено – напиша Свифт.

Обама напиша дека нејзиното „срце е скршено“, а своите чувства ги објасни во обраќање писмено, преку Твитер.

Покрај овие дами се огласија и многу јавни личности од светот на филмот, музиката, гејминг индустријата и шоу-бизнисот.

Шведската поп-ѕвезда Зара Ларсон, која е популарна во Европа и Америка, прво цинично коментираше дека многумина мислат дека „Америка е најдоброто место за живеење“, но дека сите живееле во тешка заблуда.

Вознемирена од одлуката, таа сподели неколку написи и случаи кои се случиле во свет каде што абортусот е забранет. Меѓу другото, случајот со силувана девојка (11) која не смеела да ја прекине бременоста.

– Ова го прочитав 20 пати и ништо не ми е јасно. Што требаше да чека? Ја силувале! Ја натераа да ја одржи бременоста седум месеци? Зошто? Не верувам повеќе во тоа што го читам? Дали е ова иднината на девојчињата? напиша Ларсон.

Врховниот суд го поништи значајниот случај на Роу против Вејд, кој им даде право на жените во САД да ја прекинат бременоста. Се очекува 26 држави да го сторат тоа веднаш или што е можно поскоро. Ова ќе го направи абортусот незаконски во поголемиот дел од југот и средниот запад.

Поради ова, на американските улици има огромни немири, каде жените се обидуваат да си ги вратат правата со помош на протести.