
Косата може да влијае на целокупниот впечаток на вашиот изглед повеќе отколку шминката или облеката.
Со оглед на тоа што косата покрива одреден дел од лицето и фрла сенка на одредени делови од лицето, тоа може многу да влијае на тоа како ќе изгледа вашето лице.
Некои фризури, иако изгледаат интересно и волшебно на фотографиите, сепак не се соодветни за обликот на вашето лице, па дури ни на возраста, бидејќи можат да направат да изгледате и до 5 години постаро.
Две фризури, кои беа исклучително популарни во седумдесеттите и деведесеттите, а неодамна ја доживуваат својата ренесанса, сè уште не се најдоброто решение за жените во дваесеттите и триесеттите години.
Шег Боб
Најпрво, слоевитата фризура не одговара на секој облик на лице и затоа не е наменета за секого. Од една страна, вистина е дека оваа фризура е разиграна и изгледа весело и младешко, но факт е дека во некои случаи може да додаде години.
Фризурите со степени и даваат волумен на косата, но не се особено лесни за одржувањето, што е дополнителна причина да се прескокне овој стил.

Микро шишки
Шишките кои достигнуваат до половина до челото им изгледаат одлично на девојките кои имаат природно долга коса. Сепак, во комбинација со кратка коса, тие додаваат години и може да изгледаат речиси смешно.
Стилистите забележале дека микро шишките може дури и да ги нагласат брчките на челото кај некои жени.