
Една од најпознатите манекенки се појави во сосема необично издание
Наоми на модната недела во Париз се појави во комбинација која само треба да ја погледнете. Таа не се одлучи за гламурозни фустани, туку за поопуштена и похрабра варијанта.
На ревијата на познатата модна куќа „Луј Витон“ во Париз, Кембел зачекори во комплет кој некои го опишаа како премногу лежерен, а други целосно воодушевени.
Наоми се одлучи за комплет со впечатлив тропски принт кој многумина ги потсети на пижами. Прошета во панталони со длабок струк и откопчана кошула под која немаше ништо друго освен пар ѓердани. Убавата манекенка се одлучи за виолетови тонови, па носеше и очила во истите тонови.
