Што ако јадете само жолчки?

popara16 октомври, 20221min00
Screenshot_8

Со конзумирање на јајца ги добивате протеините потребни за обновување на мускулите, а жолчката има неколку дополнителни предности.

 

 

Нутриционистот Тоби Амидор објасни за списанието „Eat This, Not That“ дека жолчките содржат лутеин, кој е поврзан со одржување на здравјето на очите.

 

Поточно, има способност да ја спречи макуларната дегенерација, односно губење на видот што се јавува во текот на процесот на стареење.

 

„Жолчките содржат речиси половина од протеинот во јајцето. Тие помагаат да се изгради мускулна маса и затоа никогаш не треба да ги фрлате жолчките”, рекол тој.

 

„Жолчките содржат и омега-3 масни киселини, кои го одржуваат срцето здраво и го намалуваат ризикот од смрт од срцеви заболувања. Некои омега-3 масни киселини дури можат да го убијат ракот и да помогнат во лекувањето на артритисот. Жолчките од јајцето исто така содржат витамин Д, кој апсорбира калциум и на тој начин ги зајакнува кршливите коски“, рече тој.

 

Тој додава дека е важно и децата и возрасните да јадат жолчки за да го намалат ризикот од болести на коските, вклучително и рахитис (кај децата) и остеопороза (кај возрасни).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma