
Го смета за најлош проект во неговата кариера
Бред Пит има снимено бројни филмови кои биле пофалени од критиката и публиката, а само некои од нив се „Беше еднаш во Холивуд“, „Седум“ и „Формула за успех“. Тој сега откри кој филм го смета за најлошиот проект во неговата кариера.
Кога некој ќе ја постигне славата и популарноста што ја постигна Пит, со сигурност може да се каже дека има слобода да избира проекти и да ја користи креативната слобода. За жал, тоа не е случај со Пит, кој бил принуден да глуми во една продукција што ја смета за најлошиот проект во неговата кариера.

Станува збор за филмот „Троја“, адаптација на Хомер во режија на Волфганг Петерсен, каде Пит го играше Ахил, легендарниот непобедлив воин, а критичарите го примија овој филм со значителна воздржаност. Тогаш Пит не можел да го каже своето мислење поради договорните обврски, но подоцна откри дека жали за снимањето на филмот бидејќи студиото го принудило на тоа откако се откажал од друг проект.
– Не беше болно, но сфатив дека начинот на кој луѓето зборуваат за тој филм не е таков каков што сакав да биде. Јас направив грешки во тоа. Што се обидувам да кажам за „Троја“? Не можев да излезам од средината на кадарот. Тоа ме излудуваше – откри Пит за Њујорк Тајмс, а еве зошто не сакал да работи на филмот.

– Станав разгален со работата со Дејвид Финчер. Тоа не е потценување на Волфганг Петерсен. „Das Boot“ е еден од најдобрите филмови на сите времиња. Но, некаде на патот, „Троја“ стана комерцијална работа. Секој кадар беше како: „Еве го херојот! Немаше никаква мистерија, додаде Пит. По работата на „Троја“, актерот си ветил дека нема да се согласи на компромиси во однос на неговата уметничка визија, па решил да работи на филмови за кои е заинтересиран.