
Погрешно е да се обвинувате себеси за се што се случило
Никој не сака да биде одбиен, особено кога е љубовта во прашање.
Одеднаш сè изгледа црно, нерасположени сте и постојано се преиспитувате.
Едноставно не можете да избегате од постојаното чувство на разочарување…
Иднината за која мислевте дека може да биде прекрасна ви е оттргната од раце. Сосема е природно да се тешите во вакви моменти. Никој нема да ве обвини ако плачете, се затворите во соба и гледате тажен филм додека јадете сладолед. Преболете ја ситуацијата што се случила, но немојте да си станете непријател и да барате грешки, маани и пропусти во себе.
Повлечете се, правете го она што моментално ви одговара, залечете ги раните и болката (чувството на одбивање всушност може да го активира делот од мозокот поврзан со физичка болка, па ова да го доживеете како физичка болка). И додека не постои „вистински“ начин да се справите со одбивањето, постојат неколку погрешни кои не само што можат да ги повредат вашите емоции, туку и да ве доведат во лош однос со личноста која ве одбила.
– Кога некој ќе не одбие, тоа делува лично, но обично има врска со многу други фактори; личноста која не привлекува не е подготвена за врска, работодавецот имал премногу кандидати, издавачот барал друг тип на книга – вели психологот Хелен Одески и додава:

– Да го разберете тоа лично значи целосно да се обвинувате себеси за ситуацијата.
Личното разбирање може да биде тешко за менталното здравје на една личност затоа што е лесно да се обвинувате себеси кога некој ќе ве одбие. Но, во повеќето случаи, одбивањето нема никаква врска со вас.
– Најлошото нешто што можете да го направите кога некој ќе ве одбие е да заглавите и предолго да размислувате за тоа – тврди Одески.
И додека сето ова потенцијално може да му наштети на вашето ментално здравје, обидот да ја убедите личноста што ве одбила дела направила грешка или да се налутите може да и наштети на вашата врска и на крајот да направи да се чувствувате полошо.

Психологот Девон Беркхајзер рече дека одредена количина на преиспитување по одбивањето е сосема во ред, но клучно е да не претерувате и да не мислите дека нешто не е во ред со вас.
– Во повеќето случаи, одбивањето не значи дека нешто не е во ред со вас, туку едноставно дека не сте во склад со она што го барала другата личност. Само затоа што не сте вистинската за некого, не значи дека нешто не е во ред со вас. Во исто време, можеби е вредно да се погледне искрено и да се размисли дали има некакви промени што би сакале да ги направите за да станете подобар партнер, вели Беркхајзер.