
Има многу лековити состојки
При спомнувањето на ориганото, повеќето луѓе мислат на зачинот со специфичен мирис, без кој пиците и тестенините се незамисливи.
Меѓутоа, поради лековитите состојки и есенцијалните масла што ги поседува, ориганото е исклучително ефикасно за голем број здравствени заболувања. Истражувањата покажале дека има два до три пати поголемо антиоксидативно дејство од другите растенија, од јаболката дури 42 пати, од компирите – 30, портокалите – 12, од боровинките четири пати …
Чајот од оригано е благодет за организмот
На пример, чајот од оригано регулира бројни здравствени проблеми предизвикани од намален имунитет и нарушена цревна флора, бронхитис, настинки, болки во грлото. Вкусот е, точно, чуден (силен, горчлив, долго го чувствуваме во устата по пиењето…), па затоа најдобро е да купите готов чај во кесички во аптека или продавница за здрава храна.
Доколку сакате сами да го направите, ставете една до две лажички оригано во тенџере со зовриена вода. Оставете покриено најмалку пет минути. Потоа процедете и пијте.
Ако чајот е покриен во поголем чајник, колку подолго стои, толку е повкусен. Важно е да не се излади целосно, бидејќи тогаш вкусот не е многу пријатен.