
Малите трикови можат да ја вжештат акцијата во креветот.
Некои едноставни движења и потези на жените можат да ги натераат мажите целосно да ја изгубат главата. Ова се потези на една жена на кои ниту еден маж не може да им одолее.
- Обожаваат кога жената за време на секс ги гледа право во очи. Ако не се срами, идеално е понекогаш да упати дрзок, заводлив поглед и загарантирана е експлозија на страст.
- Предиграта е во ред, но на мажите сепак ја сакаат главната акција. Моментот кога жената ќе преземе иницијатива и ќе премине од воведот на главниот чин, многумина велат дека ќе го вжешти односот.
- Погледот што му го упатува на мажот за време на оралниот секс за многумина е непроценлив секси момент кој возбудата ја подигнува на ново ниво.
- Сексот не е резервиран за тишина, веруваат многу мажи. Ги пали кога жената ќе каже што сака и во што најмногу ужива. Дури и ако заводливо им шепне на уво за време на акцијата, тие би можеле да вриснат од задоволство.
- Сакаат кога жената страсно и наеднаш ја презема иницијативата и во исто време им кажува дека сака секс сега и веднаш. По толку брз вовед, ниту еден маж не може да остане ладен.