Како да го натерате да се заљуби во вас? Шест начини како да го заведете, а ниту еден нема врска со изгледот!

popara28 јуни, 20221min00
Ljubavni-par

За мажите некои женски карактеристики се многу поважни од изгледот

И покрај фактот што многумина ја сведуваат привлечноста само на изгледот, таа е еднострана и често погрешна.

Секако, изгледот е важен и лага е да се тврди спротивното, но тоа секако не е пресудно.

Имено, на мажите многу поважни им се некои други карактеристики кај жените.

  1. Развијте се како личност

На мажите им е важно некоја личност да им е физички привлечна, но само убавиот изглед не е доволен. Тие бараат и самозадоволна и самосвесна личност, некој што ќе ги заинтригира – да има свои интереси (танц, уметност, патување, музика, работа, хоби, да биде страсна за нешто…) Зошто е тоа важно?

Затоа што со сестрана личност имате многу теми за разговор. Со таква личност секоја средба е предизвик. Нема ни да забележат, а веќе ќе се заљубат во вас!

  1. Почитувајте ги личните граници

Никој не сака да му додеваат, да му забрануваат, да му го следат секој чекор. На мажот му треба слобода, затоа немојте да бидете девојка која нон-стоп се јавува на телефон да види каде е, која сака да го знае секој негов чекор, каде е и со кого е… Покажете му дека му верувате, почитувате што има потреба да се гледа со своите пријатели, не само со вас.

  1. Заинтересирајте се за неговиот живот

Сите луѓе сакаат искрено да ги слушаат и да се интересираат за она што го прават, што сакаат, што ги инспирира. Прашувајќи го за животот, желбите, соништата, вредностите, за луѓето кои му се важни, му давате до знаење дека тоа ви е важно, дека сакате да дознаете што повеќе за него. Со тоа му покажувате дека се грижите за него. И тој, без сомнение, ќе ужива во таквото внимание.

  1. Не го споредувајте со бившиот

Луѓето не сакаат да ги споредуваат со другите, особено не со поранешните љубовници. Затоа, ако ви каже што го нервира кај другите луѓе, што му пречи, во никој случај не кажувајте „на бившиот не ми се допаѓаше кога…“ или „на мојот бивши во креветот му се допаѓаше ова и она“. Никој не сака да го слушне тоа.

  1. Бидете свои

Не се преправајте дека сте некој што не сте – затоа што кога тогаш вистината излегува на виделина. Однесувајте се природно и спонтано, поентата на љубовта и врската е да бидете со некого онакви какви што сте навистина и таа друга личност да ве сака со вашите доблести и маани.

  1. Кажете му што ви се допаѓа кај него

Сите сакаат комплименти и мажите и жените. Ако му кажете дека е згоден, сигурно ќе му се допадне тоа што ви се допаѓа неговиот изглед. Кажете му колку ви значи, дека е убаво да поминувате време заедно, дека е интересен, смешен…

Дека никогаш не сте се чувствувале така… Направете да се чувствува посебно!