
На актерот Џони Деп наводно му се нуди богатство за да се врати во серијата „Пиратите од Карибите“.
Имено, Деп неодамна го доби судењето со поранешната сопруга Амбер Херд и оттогаш неговата кариера повторно тргна во нагорна патека.
Актерот наводно бил при крај со преговорите за шестото продолжение на „Пиратите од Карибите“ во кое ја има главната улога, па за овој ангажман требало да му бидат платени 22,5 милиони долари.
Меѓутоа, по контроверзниот напис од 2018 година, овој проект пропадна, бидејќи Амбер го обвини за злоставување, а Деп остана без пари. Тој го снимаше овој серијал во последните 15 години и ја играше главната улога на пиратот Џек Спероу.
На судењето на оваа тема сведочеше Џег Вигам, долгогодишниот агент на Деп од агенцијата „Creative Artists“, кој рече дека Деп е исфрлен од продолженијата на овој филм, поради обвинувањата на Амбер Херд.
Меѓутоа, по неговата победа на суд, наводно се се сменило, па актерот е се поблиску до старата улога.
Извор близок до актерот изјавил дека Деп преговарал со Дизни за „договор од 300 милиони долари“, и дека ќе се врати на својата улога по која сите го препознаваат, пренесуваат американските медиуми.
Да се потсетиме, Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и побара 50 милиони долари за наводите за семејна злоупотреба што таа ги објави во напис за Вашингтон пост, а поротата донесе одлука во негова корист.