
Општо е познато дека овошјето е многу добро за целиот организам, и дека е полно со витамини и минерали, а во зависност од тоа на кое овошје ќе се концентрирате, можете да направите големи промени во организмот. Ананасот, чудно тропско овошје, чие долго име е „плодот на Кристофер Колумбо“, е полн со придобивки за телото.
Во денешно време ни е достапен речиси на сите, но порано беше присутен само на престижни свечености. Се вели дека Кристофер Колумбо го донел во Европа по експедицијата во Јужна Америка и оттогаш ананасот станал познат на голем дел од светот.

На пример, 100 грама ананас содржи 79 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, што значи дека со консумирање на 150 грама ананас ќе ја задоволите вашата дневна потреба од овој витамин. Повкусно од лимонот, нели?
Во борба против грчеви и вишок килограми
Богат е и со магнезиум и е силен сојузник во борбата против грчеви во мускулите. Покрај тоа, има многу ниски калориски вредности, па се препорачува и за слабеење, а исто така е извор на антиоксиданси и се бори со различни воспалителни процеси во организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.
Како правилно да се подготви ананасот

Пред чистење, како и сите други овошја, добро измијте го. Исечете го горниот и долниот дел од ананасот.
Потоа излупете го и исечете го на поголеми четвртини, а потоа од четвртинки исечете го „срцето“ на овошјето.
Во завршна фаза исечете го ананасот на коцки и оставете да се излади пред да го послужите.
Пријатно!