6 здравствени придобивки на вишните: Ова овошје изобилува со витамини и минерали

popara18 јули, 20221min00
cherries-35223651920-830x0

Сезоната на вкусни цреши официјално започна, а продавниците и тезгите по маркетите се преполни со ова црвено овошје.

Црешите се многу добри за здравјето поради неколку причини, тврдат научниците, а пренесува „Healthline“. Познати се по бројните лековити својства и антиоксидантното дејство.

Тие се богати со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, минерали калиум, магнезиум, железо и растителни влакна.

Црешите имаат голем број здравствени придобивки, а ние ви издвоивме шест.

1. Несоница

Црешите содржат мелатонин, кој придонесува за квалитетен и помирен сон. Патем, мелатонин е хормон произведен од епифизата во мозокот.

2. Штитат од слободните радикали

Црешите се богати со фенолни соединенија – моќни антиоксиданси кои го штитат нервниот систем и го спречуваат оксидативниот стрес. Ова е важно за постарите лица, бидејќи ги штити од невродегенеративни нарушувања како што се губење на меморијата, сенилна деменција и Алцхајмерова болест.

3. Моќно антиинфламаторно средство

Акутното воспаление е одговор на телото на повреди, инфекции, лоша исхрана и алергени. Ако воспалението е долготрајно, може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, артритис, астма и дијабетес.

Неодамнешните истражувања нудат сè повеќе докази за позитивните ефекти на црешите за намалување на воспалението. Во едно од истражувањата, десет луѓе пиеле по 250 милилитри сок од цреша секој ден во текот на две недели, по што значително им биле намалени воспалителните процеси, а нормализирано е нивото на триглицериди и ЛДЛ холестерол – фактори на ризик за развој на срцеви заболувања.

4. Го регулираат крвниот притисок

Црешите содржат големо количество калиум и на тој начин помагаат да се отстрани вишокот на натриум од телото – ја враќаат рамнотежата на волуменот на калиум и натриум, што помага во одржување на добро ниво на крвен притисок.

5. Ја штитат кожата

Антиоксидансите се одговорни за помладиот и поздрав изглед на кожата, а вишните ги има во изобилство. Исто така, црешите можат да помогнат да се отстранат темните дамки кои можат да се појават поради оштетување на сонцето.

6. Ја одржуваат pH рамнотежата во телото

Црешите се од алкална природа, па секогаш кога се зголемува процентот на киселина во телото, тие можат да бидат многу корисни за балансирање на нивото на pH. Црешите ја неутрализираат киселоста во телото и спречуваат стомачни тегоби и други дигестивни нарушувања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma