
Пронаоѓањето на идеалната боја понекогаш е тешко, но еве како да ја постигнете вистинската нијанса
Бојата на кожата е апсолутен хит долги години, како за излегување, така и за секојдневни пригоди.
Сепак, не мора да купувате скапи кармини и сјаеви за да добиете совршена нијанса. Не мора ни да се мачите премногу, бидејќи ако ги следите овие чекори, ќе ја добиете бојата која што отсекогаш сте ја посакувале.

Следете чекор по чекор:
- Прво исцртајте ги усните со потемна кафена нијанса која има ладен подтон, онака како што најмногу ви одговара.
- Потоа малку „спуштете ја“ нијансата од рабовите до центарот на усните, а потоа нежно тријте ги усните една од друга.
- После тоа нанесете потемна нијанса, но така што нема да одите кон центарот на усните
- Време е да додадете една нијанса на целата усна, таа треба да биде посветла од претходно нанесениот молив и боја на кармин.
- Тријте ги усните една од друга.
- Потоа додадете ја најсветлата нијанса на кармин во центарот и тријте ги усните една од друга.
- Дојде последниот чекор, а тоа е да нанесете безбоен сјај за усни преку сите нијанси.
Внимавајте да не ставате премногу слоеви, бидејќи на крајот тоа нема да изгледа уредно. Значи, нанесете сè во тенки слоеви.