Камерон Дијаз се враќа од пензија: „Виновник“ за тоа е Џејми Фокс, а во акцијата вклучил и голема спортска ѕвезда

popara1 јули, 20221min00
kameron-dijaz-830x0

Камерон Дијаз ќе се врати од пензија и ќе глуми во претстојната акциона комедија на Нетфликс „Back In Action“. Во оваа продукција ќе игра и Џејми Фокс, но и ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди, пишува „Дејли мејл“.

Како Камерон Дијаз реши да се врати на актерството е посебна приказна. „Виновник“ за се е Џејми Фокс кој ѝ се јавил на актерката на телефон, а во целата акција го вклучил и споменатиот Том Брејди.

„Здраво, Камерон“, рекол Том Брејди.

– О Боже. Дали е тоа Том Брејди? – рекла Камерон Дијаз.

– Разговарав со Џејми (Фокс) и тој ми рече дека ти треба совет како да се вратиш од пензија – рекол Том Брејди.

– Хахаха – се насмеа Камерон Дијаз.

„Релативно сум успешен кога станува збор за излегување од пензија“, рече Брејди.

– Искрено… Тоа ми треба – изјави Камерон Дијаз.

Целиот разговор го објави Џејми Фокс на својот Твитер профил.

– Камерон, се надевам дека не си лут што го снимив ова, но сега нема враќање назад. Морав да го повикам најголемиот на сите времиња (Том Брејди) за да го вратам најголемиот на сите времиња (Камерон Дијаз). „Враќање во акција“, нашиот нов филм на Нетфликс. Производството започнува кон крајот на оваа година – напиша Џејми Фокс.

Камерон Дијаз се повлече од актерството пред осум години. Но, еве го нејзиното враќање.