Покрај соодветната нега на кожата која го одложува појавувањето на брчките, тоа го прават и одредени намирници
Паралелно со постојаната хидратација на организмот, добро е да му обезбедите и некои хранливи намирници, пред сѐ овошје и зеленчук. Дерматолозите д-р Мариза Гарсик и д-р Пол Џарод Френк избраа овошја за кои и двајцата веруваат дека можат да помогнат во забавување на процесот на стареење на кожата.
Цитруси
Полни се со витамин Ц, па на секој кој сака да го одложи појавувањето на брчките му се советува да јаде што повеќе лимони, портокали, кумквати и грејпфрут.
– Познато е дека витаминот Ц го стимулира производството на колаген, кој помага за подобрување на целокупниот изглед на фините линии и брчки – објасни д-р Гарсик.
Боровинки
Дополнително, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц и како такви го спречуваат предвременото губење на колаген.
– Покрај тоа, тие имаат и многу антиоксиданси кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и блескава – се вели во написот неодамна објавен во „ Cleveland Clinic “, каде што се додава дека тие исто така можат да помогнат во контролата на нивото на холестерол и шеќер во крвта