„Ако го гледате ова, МРТОВ СУМ“: Почина еден од најпознатите Minecraft јутјубери – и остави трогателна порака

popara2 јули, 20221min00
BeFunky-collage(1)

Еден од најпознатите Јутјубери во светот, Техноблејд почина на 23-годишна возраст од рак.

Неговото семејство објави проштално видео, а татко му го нарече „најневеројатното дете што некој може да го побара“.

Американската интернет личност се прослави со стриминг и објавување клипови на кои ја игра популарната видео игра Minecraft. Минатата година Техноблејд им откри на фановите дека има рак.

Емотивната проштална порака, која ја прочитал неговиот татко, гласела вака:

– Здраво на сите, Technoblade овде. Ако го гледате ова – мртов сум – рече тој во својата проштална порака.

– Ви благодарам на сите што ја поддржувавте мојата содржина низ годините.

– Да имам уште сто животи, мислам дека секој пат би избрал да бидам Technoblade, бидејќи тоа беа најсреќните години во мојот живот – рече тој.

Тој ја откри својата дијагноза за рак во август 2021 година, објаснувајќи дека првично мислел дека болката што ја доживува во рамото се должи на игрите. Откако му отекла раката, отишол во болница и подоцна му бил дијагностициран рак.

Неговиот онлајн аватар беше слика на крунисано прасе, кое стана основа за милиони уметнички дела на фановите.

Тој има преку 10 милиони следбеници на неговиот канал на YouTube кој беше многу популарен низ целиот свет.

Неговата биографија беше интересна.

– Играм премногу видео игри. Можеби не сум најдобар, но имам згодни лакти – изјавил тој.