КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ЌЕРКАТА НА ЏЕЈ ЛО ПРЕД ДА СТАНЕ „ТИЕ“: Поради една работа беше мета на срамни коментари (ФОТО)

popara5 јули, 20221min00
284401_dzeniferlopez_ls

За четиринаесетгодишната Ема никогаш не престанува да се пишува!

Латино дивата Џенифер Лопез на неодамнешниот настап во Лос Анџелес откри како и се обраќа на својата ќерка, што предизвика лавина спротивставени коментари.

Имено, додека зборуваше за Ема, која и се придружи на сцената на стадионот Доџерс, таа ја употреби родовата неутрална заменка „тие“. А потоа се пошегува:

Постојано ги повикувам да пеат со мене, но тие не сакаат. Затоа, ова е многу посебна прилика. Тие се доста зафатени, имаат работа. А и скапи се. Ме чини кога тие ќе излезат на сцена – низ насмевка рече таа.

Поради однесувањето и начинот на облекување на девојчето, многумина сметаат дека Ема е трансродова, а Џенифер до сега не објавила ништо на оваа тема. Иако, ги воспитува децата по посебни правила.

Сепак, на сметка на својот изглед, Ема со години трпи бројни критики и грди коментари. Постојано и нагласуваат дека воопшто не се грижи за себе и дека изгледа многу несредено, иако има само 14 години!

Ќерката на пејачката излезе на сцената во „машки стил“ – носеше розова кошула и бермуди, а овој аутфит го комплетираше со црна капа.

Неколку дена подоцна, Џенифер беше фотографирана со својата миленичка на снимањето на новиот филм на нејзиниот вереник Бен Афлек, кој пред неколку месеци ја запроси на бајковит начин. Откако славната двојка ја обнови својата врска, Бен изгради прекрасен однос со децата на неговата вереница.

Погледнете како Ема се менуваше низ годините во галеријата подолу:

284383_cerkaemme_ff
284391_dzeniferlopezsadecom_ff
284387_dzeniferiemme_ff
284393_dzeniferlopezsaemme_ff
284389_dzeniferlopezsacerkom_ff
284385_deniferlopezicerka_ff
284395_emme_ff

Од друга страна, се шпекулира дека Марк Ентони, со кого Џенифер има деца и со кого се омажи само пет месеци по раскинувањето со Афлек, воопшто не е воодушевен од нејзината обновена романса со актерот.