МЕД во служба на убавината: Направете совршена маска за лице според вашиот тип на кожа

popara5 јули, 20221min00
e954314c4cc47412caa7c71536e648dd9c4ed838

Направете природен мелем за лице

Природна состојка која ќе ви помогне да ги отстраните сите неправилности на лицето, од мозолчиња и црвенило до митесери и акни.

Медот е основна состојка во многу производи за убавина, но зошто да трошите пари на производи во кои можеби не ви одговараат другите состојки. Време е да ги земете работите во свои раце и да направите „медена“ маска за третман на кожата на лицето дома.

Главната состојка што ви е потребна за да ја направите оваа маска е медот. Додадете ги другите наведени состојки во зависност од типот на вашата кожа.

Сува кожа

Измешајте го медот со обичен јогурт, банана и авокадо.

Мрсна кожа

Измешајте ја основната состојка со јаболко, овес, жолчка или морков.

Лупење на кожата

Користете мед, кафеав шеќер и млеко за да направите пилинг кој ќе го нанесете на лицето и ќе масирате со нежни движења со рацете.

Бидете внимателни кога сами ги правите маските за лице, секогаш прво тестирајте на мал дел од кожата за да видите како ќе реагира. Ако сте алергични на мед и прополис, тоа може да предизвика црвенило на телото и оток.